Возбудливо и драматично реми на Вардар во Штип

Во возбудлив и крајно интересен и неизвесен натпревар, Брегалница и Вардар во Штип одиграа натпревар во кој што на крајот двата тима освоија по еден бод. Мечот заврши 3:3 и изобилуваше со голем пресврт, а Вардар на крајот израмни за освоен еден бод и продолжување на серијата на непоразеност од гостувањата кај штипскиот тим. Нашиот тим дојде во водство од 0:2, па Брегалница поведе со 3:2 за на крајот во последните мигови „црвено-црните“ дојдат до израмнување на 3:3. 

После мирниот почеток на натпреварот, Вардар дојде во водство после првата посериозна шанса. Беше досуден слободен удар на десната страна во 10. минута, од каде што Фелипе убаво нафрли на 5-6 метри од голот на Брегалница, а таму Велковски избега на одбраната на Брегалница, и со глава погоди во мрежата на противникот.

Вардар и натаму го имаше поседот на топката, а после една акција од десната страна преку Џигаури, додаде до Николов кој што излегуваше сам пред голот, но беше соборен од Ранџеловиќ, старт по кој судијата Гоцевски покажа на белата точка. Сигурен реализатор од 11 метри беше Дејан Блажевски кој што погоди во голниот десен агол за водство на Вардар од 2:0.

Сепак, во 35 минута пенал и на спротивната страна. После една нафрлена топка во мешаницата на петерецот, судијата Гоцевски окарактеризира старт од Грнчаров над Костадинов, и покажа на пеналтикот. Здравков од белата точка беше успешен и погоди во левиот агол.

„Црвено-црните“ имаа убава шанса во 39. минута преку контранапад, но не се разви како што треба, а од одземената топка Брегалница се најде во прилика и тоа преку Здравков кој што од дваесетина метри упати прецизен удар, но Гачевски уште поубаво одбрани. Во 42. минута Боарето мина неколку играчи, излезе сам пред голот од косо од десно упати удар кој што го одбрани Кобетиќ избивајќи во корнер.

Второто полувреме почна со шанса за Брегалница преку Ристовски кој што упати удар кој што беше одбранет од Гачевски. Во 50 минута за малку ќе беше 1:3 за Вардар после обидот на Боарето, меѓутоа топката оди заврши за малку крај голот. Пет минути подоцна Фелипе го проигра Боарето кој што од волеј шутира крај голот. Три минути подоцна Боарето немаше среќа и ја погоди само пречката, патем, таа топка ја чепна и заврши во пречката. Веќе во следната акција нов пенал за Брегалница. Георгиев е срушен од страна на Велковски, за судијата тоа беше казнен удар. Сигурен реализатор е Здравков за израмнување во 60. минута. Вардар во 63 минута имаше играч повеќе на теренот после црвениот картон на Ранџеловиќ. 

Меѓутоа нападите не дадоа плод и водство, туку напротив негатива. Во 78. минута после еден противнапад кој што го повлече Здравков, додаде од Наумов кој што погоди во мрежата. Вардар нападна жестоко да израмни и Боарето во 85. минута повторно ја погоди пречката и повторно после одбрана на Кобетиќ. Во 92. минута сепак, израмнување. Барсегјан нафрли на петерецот каде што Грнчаров со глава ја погоди стативата, а одбиената топка стигна до Џигаури кој што со глава ја спроведе во мрежата. На крајот Вардар остана со еден играч помалку по исклучувањето на Фелипе во судиското надополнување. 

 

БРЕГАЛНИЦА - ВАРДАР     3:3 (1:2)

Градски стадион во Штип. Гледачи: 2.000.

Судија: Марјан Гоцевски.

Стрелци: 0:1 Велковски 10’, 0:2 Блажевски 32’ (п), 1:2 Здравков 36’ (п), 2:2 Здравков 60’, 3:2 Наумов 78’, 3:3 Џигаури 90’+2

Ж. Картони: Ранџеловиќ, Стојанов, Здравков, Коцев, Наумов (Б) - Грнчаров, Велковски (В). 

Ц. Картони: Ранџеловиќ 63’ (Б) - Фелипе 90’+3 (В). 

БРЕГАЛНИЦА: Кобетиќ, Ѓорески, Стојанов, Ранџеловиќ, Георгиев (88’ Темелков), Здравков, Вучетиќ, Коцев, Далчески, Ристовски (68’ Костов), Костадинов (54’ Наумов).

ВАРДАР: Гачевски, Грнчаров, Спировски (66’ Којашевиќ), Блажевски (46’ Глигоров), Велковски, Џигаури, Николов (66’ Барсегјан), Демири, Фелипе, Брдаровски, Боарето.

 

СТАТИСТИКА

БРЕГАЛНИЦА  ВАРДАР

2          корнери          2

7/5       удари/во        16/7

20          прекршоци     19

2          офсајди          1

5          ж. картони      2

1          ц. картони      1

2/2       пенали/реализирани      1/1

 

ФОТО-ГАЛЕРИЈА>>

 

Еве ги низ видео сите интересни моменти и голови од натпреварот:

 

среда, 3 мај 2017