Ви го претставуваме Зенит, oсвојувач на Лигата на Европа во 2008 година

Во следните неколку денови ќе следуваат текстови со претставување на противникот на Вардар во Лигата на Европа, тимот на Зенит. Руската екипа зад себе има минато со освоен европски пехар, и тоа токму овој во Лигата на Европа, односно во Купот на УЕФА. 

Зенит Санкт Петербург нема којзнае какво минато во поранешниот СССР. Освои само една титула во 1984 година. Зенит тогаш Ленинград, стана првак со два бода предност пред Спартак Москва. Интересно е тоа што во таа година поранешниот тренер на Вардар, Сергеј Андреев се закити со титулата прв стрелец во првенството на СССР. Андреев тогаш беше играч на СКА Ростов. 

По распадот на СССР, Зенит во 1996 година се пласира во Првата лига, каде што е и ден денеска. Во 2007 година, тимот ја освојува Руската Премиер Лига, и од тогаш ќе почне на некој начин да станува еден од најдобрите руски тимови во последните десет години. Веќе следната година клубот од Санкт Петербург ја бележи историската сезона. Во финалето во Манчестер со победата над Глазгов Ренџерс во финалето со 2:0, Зенит се закити со првата и единствена европска титула. Го освојува Купот на УЕФА, сегашниот пехар на Лигата на Европа. 

Во истата 2008 година, Зенит ќе го освои и Европскиот Супер-Куп откако во финалето беше подобар од славниот Манчестер Јунајтед со 1:2. 

Од сегашните играчи, во тоа финале настапи Александр Анјуков, кој што и натаму е дел од оваа екипа. 

Во 2010, Зенит доаѓа и до вториот шампионски трофеј во Русија. Во сезоната 2011/2012 и трет пехар во витрините на Зенит, а истата сезона ќе стигне и до 1/8 финалето од Лигата на шампионите, што е најдобриот пласман на екипата во најелитното европско натпреварување. 

Зенит стана шампион и пред две години, односно во сезоната 2014/2015, а во последните две години секогаш е при врвот во Русија. Оваа година го освои третото место во првенството и се пласираше во Лигата на Европа, и преку Утрехт во плеј-офот, обезбеди пласман во групната фаза. 

Ланската сезона екипата беше предводена од легендарниот романски тренер Мирчеа Лучески, а од оваа сезона шеф на стручниот штаб е италијанскиот стручњак Роберто Манчини. 

вторник, 12 септември 2017