Васоски: Задоволен сум од подготовките, немаме среќа со натпреварите

Уште неколку дена остануваат до крајот на подготовките на Вардар во Словенија. „Црвено-црните“ тренираат под полна пареа, но, за жал, немаат среќа со контролните натпревари. Од трите досегашни „теста“, два завршија предвреме. Со Дравиња мораше да биде прекинат мечот во 60 минута, а против Ал Аин на полувремето поради силно невреме. 

Тренерот Александар Васоски токму тоа го потенцира како единствен недостаток на подготовките во Словенија. 

„Задоволен сум од подготовките во целина, само што ете, немаме среќа со натпреварите, односно истите не се играат како што треба до крај поради лошо време. Ни остануваат уште неколку дена од подготовките, имаме уште два натпревари на кои се надеваме дека се ќе биде во ред. Играчите тренират максимално коректно, без никаков проблем ги исполнуваат задачите, и се е во најдобар ред“, истакна Васоски. 

За натпреварот со Ал Аин во кој се одигра само едно полувреме, тренерот на Вардар со став: 

„Бевме подобар противник, имавме три стонастотни шанси во првиот дел, но за жал се одигра само едно полувреме. Задоволен сум од тоа како одигравме во тие 45 минути особено по порзот од Горица, и бевме блиску до водство. Меѓутоа ете, натпреварот не се одигра и тоа е на некој начин хендикеп за нас. Се надевам дека на следните два меча ќе биде се во ред“, истакна тренерот на Вардар. 

недела, 28 јули 2019