Васоски: Mладите сериозно се наметнуваат за да бидат стандардни првотимци

Вардар ги заврши подготовките во Словенија и се врати во Скопје, каде ќе тренира до почетокот на првенството закажан за идната седмица. „Црвено-црните“ на подготовките во Рогашка Слатина одиграа три цели натпревари, и двата не го дочекаа својот крај. 

Стручниот штаб на чело со шефот Александар Васоски истакнува задоволство од подготовките во Словенија, на кои имаше и многумина млади играчи, на кои ќе се смета низ идната сезона во првенството и во Купот. 

„Добро поминавме во Словенија, она што го планиравме го одработивме. Штета само за тие два пријателски натпревари што не завршија, но не можевме ништо да сториме. Во секој случај јас сум задоволен од подготовките. Имавме многу млади играчи, на некои од нив ова им беа веќе втори или трети подготовки, и веќе се чувствува нивното искуство. Тие се наметнуваат како стандарни првотимци, и на нив можеме да сметаме и во идната сезона и во следните кои доаѓаат. Навистина овој тим има перспектива. Драго ми е што младите играчи покажаа дека сакаат да работат, да се наметнат и да бидат дел од сениорите. Како што е познато, ние мораме во тимот да имаме еден играч под 21 година, и навистина можам да кажам дека на некој начин ќе бидам на „слатки маки“ за тоа место“, рече Васоски. 

 

недела, 4 август 2019