Васоски: Скапо нЀ чинеа нереализираните шанси

Вардаровиот шеф на стручниот штаб поради суспензија не беше на клупата на нашиот тим. Сепак, после натпреварот со Академија Пандев кој го водеше од трибината, истакна незадовоство од резултатот и, пред се од неискористените шанси на „црвено-црните“ кои не искористија многу шанси, особено на 1:0 да дојдат до водство кое ќе ја гарантираше победата. 

„Љубителите на фудбалот кои беа на стадионот видоа дека на 1:0 не искористивме многу убави шанси. Навистина е недозволиво да не се реализира барем еднаш од тие прилики. Од друга страна, пак, противникот од првата посериозна шанса стигна до гол и до бод. Сигурно дека не сум задоволен од резултатот за кој сметам дека е незаслужен. Но, тоа е фудбалот, кога нема да се користат шансите, следува казната. Треба да жалиме за двата бода, но ќе мораме да се фокусираме веќе кон следните предизвици и ова да го заборавиме. Нормално и од вакви работи да извлечеме поуки, односно да тренираме да ја поправиме таа реализација за да не ни се случуваат вакви работи во иднина“, изјави тренерот на Вардар. 

недела, 7 април 2019