Вардаровите легенди во стручниот штаб на Илиевски

Вардаровиот тим денеска тргна со подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тренерската работа ја превзеде искусниот Никола Илиевски - Џиџи, а сезоната стартува престојниот викенд. 

Илиевски во стручниот штаб ги има поранешните капитени на тимот, поранешните легенди. Во стручниот штаб вклучени се Бобан Грнчаров, Никола Глигоров, Златко Таневски и Филип Ивановски. Сите имаат неколку стотици настапи во дресот на „црвено-црните“ и сите биле капитени на вардаровиот тим. Тренер на голманите останува Саша Илиќ, кој долго време е на оваа позиција, а и како голман беше дел од нашиот тим во минатото. Кондициски тренер е Михајло Шејкероски. 

среда, 10 февруари 2021