Вардарци загубија по 13 првенствени натпревари

Заврши серијата на Вардар од 13 првенствени натпревари без пораз. Денеска во рамките од 34. коло, „црвено-црните“ минимално беа поразени од Силекс. 

Единствениот гол на натпревар падна во 33. минута кога Георгиев од пенал донесе водство за кратовци. Ударот од белата точка беше досуден по еден старт на Брдаровски, кој беше окарактеризиран како прекршок. Георгиев шутираше во левиот долен агол, Гачевски ја прочита неговата намера, меѓутоа не успеа да одбрани. 

Во вториот дел и покрај обидите на Вардарци да се вратат непоразени, сепак, не успеаја да постигнат барем еден гол. 

Следното коло Вардар го пречекува составот на Победа. 

недела, 12 мај 2019