Вардарци стартуваа со зимските подготовки

После дваесетина дена одмор, денеска со првиот тренинг „црвено-црните“ означија старт на зимските подготовки. На денешниот прв тренинг на екипата присуствуваа и новите имиња во редовите на нашиот тим Кристијан Тошевски, Јован Попзлатанов и Матеј Цветаноски. 

Според планот на подготовките, Вардарци ќе работат во Скопје во својот тренинг камп до 16. јануари, кога екипата заминува на подготовки во Анталија. Таму ќе биде одработен главниот дел на овој подготвителен период, и ќе бидат одиграни шест пријателски натпревари.

Пред почетокот на подготовките, стручниот штаб и раководството на нашиот тим им посака на фудбалерите добри подготовки, многу среќа и успех во овој подготвителен период, како и во натпреварите низ пролетниот дел од сезоната. 

вторник, 9 јануари 2018