Вардарци стартуваа со подготовките за дуелот со Ренова

После еден слободен ден во понеделникот кој што играчите на Вардар го добија после одиграното дерби со Работнички, денеска Вардарци им се вратија на тренажниот процес. Тие на тренинг кампот на Фудбалскиот клуб Вардар ја одработија првата подготовка после одиграниот дуел во неделата. 

Со тоа стручниот штаб и фудбалерите ги почнаа подготовките за идниот натпревар во рамките од 34. коло од ПМФЛ против Ренова кој што ќе се одигра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. 

 

вторник, 16 мај 2017