Вардарци слободни до среда

После победата над Македонија Ѓорче Петров во рамките од 23. коло, и поради тоа што идниот викенд е пауза поради настапите на репрезентациите, Вардарци добија три слободни дена од страна на стручниот штаб на нашиот тим.

На тренажниот процес Вардарци ќе се вратат дури во среда кога оние што немаат обврски кон националните тимови, ќе почнат да се подготвуваат за следните прволигашки и Куп предизвици.

Вардар во текот на паузата ќе биде без 11 играчи кои што имаат обврски кон репрезентациите. Гачевски, Алексовски, Велковски, Николов и Спировски ќе бидат со сениорската македонска репрезентација, додека Петковски и Демири со младинската селекција на нашата земја. Барсегјан и Хамбарџумјан ќе играат за Ерменија, Џигаури за Грузија, а Којашевиќ доби повик за настап во селекцијата на Црна Гора.

понеделник, 20 март 2017