Вардарци продолжуваат да се подготвуваат за првиот пролетен меч

Шефот на стручниот штаб на Вардар Чедомир Јаневски после подготовките на екипата во Анталија, им даде на играчите слободен ден, по кој екипата почна да се подготвува за стартот на пролетниот дел од сезоната. Вардарци ќе ја темпираат формата пред првиот натпревар во вториот дел од шампионатот.

Од средата „црвено-црните“ стартуваа со финалната фаза од подготовките на тренинг кампот на ФК Вардар во Хиподром, продолжувајќи ги тренажните активности пред натпреварот во рамките од 19. коло во ПМФЛ против Шкендија во Тетово, кој што е на програмата на 14. февруари. На подготовките се приклучи и најновото име во редовите на Вардар, камерунскиот интернационалец Кларенс Битанг. 

До натпреварот остануваат уште пет дена, и уште толку Вардарци ќе се подготвуваат за тој меч, во кој веруваме дека ќе го презентираат сето она кое го работеа во зимскиот подготвителен период, и на крај ќе нè израдуваат со триумф и освоени три бода. 

петок, 9 февруари 2018