Вардарци пристигнаа во Бад Татцмансдорф

Фудбалерите, стручниот штаб и дел на раководството на Вардар, утринава пристигнаа во австриското место Бад Татцмансдорф, кое ќе биде „база“на подготовките на тимот во следните две недели.

Трета година по ред хотелот „Авита“ е „домаќин“ на нашиот тим во оваа фаза на летните подготовки. Персоналот на овој хотелски комплекс утринава им посака топло добредојде на Вардарци. Попладнево во 16 часот ќе биде одработен и првиот тренинг во Австрија.

На подготовките на Вардар во Бад Татцмансдорф ќе бидат присутни следните фудбалери:

ГОЛМАНИ: Филип Гачевски, Томе Пачовски, Бојан Тимевски.

ОДБРАНА: Бобан Грнчаров, Владица Брдаровски, Хофханес Хамбарџумјан, Евгениј Новак, Тодор Тодороски, Дарко Глишиќ.

СР. РЕД: Никола Глигоров, Стефан Спировски, Филип Стојчевски, Бесир Исени, Џамбул Џигаури, Хуан Фелипе.

НАПАД: Дејан Блажевски, Дамир Којашевиќ, Џонатан Боарето, Ацо Стојков, Бојан Колевски, Тигран Барсегјан.

СТРУЧЕН ШТАБ: Гоце Седлоски (шеф на стручен штаб), Александар Васоски (тренер), Александар Влахо (тренер), Саша Илиќ (тренер на голмани), Михајло Костиќ (кондициски тренер).

МЕДИЦИНСКИ ТИМ: Мимоза Миленкова (доктор), Ангеле Милевски (физиотерапевт), Јован Димовски (физиотерапевт), Тоше Трајковски (физиотерапевт).

Подоцна на тренинзите на Вардар ќе се приклучат и младинските репрезентативци Игор Алексовски, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Бесир Демири, Бобан Николов и Петар Петковски.

ФОТО: Денис Дуковски

недела, 18 јуни 2017