Вардарци повторно со „чиста“ мрежа, но освоија само бод од дуелот со Победа

Вардар петти натпервар по ред ја сочува својата мрежа во Првата лига, меѓутоа освои само еден бод во дуелот со Победа кој се одигра во Охрид во рамките од 26. коло. Натпреварот не изобилуваше со многу шанси, а најзрелата Вардарци ја имаа во финишот преку Лира кога голманот во последен момент му го одбрани обидот со глава. 

Во првиот дел Победа имаше добра шанса, меѓутоа од самата гол линија спаси Коста Манев, и така не дозволи гол во мрежата на Гачевски. Главно се играше на средината на теренот, а Вардар имаше само неколку полушанси. 

Во второто полувреме речиси идентична слика. Повеќе се играше на средината, Победа цело време се бранеше од нападите на Вардар. Во 78. минута Лира се најде во одлична шанса, со глава упати прецизен обид, меѓутоа противничкиот голман го одбрани тоа, и не дозволи да биде совладан. 

 

ПОБЕДА - ВАРДАР   0:0

Стадион: „Билјанини Извори“ во Охрид. 

Судија: Јосип Бартон (Тетово). 

Стрелци: /

Ж. Картони: Карчески, Спискоски (П) - Цветаноски (В). 

ПОБЕДА: Тофилоски (49’ Котевски), Тимовски, Јаќимовиќ, Ристевски (77’ Каланоски), Спиркоски, Гешоски (57’ Макота), Карчески, Ефремов, Трајкоски, Наумоски, Асани. 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Новак, Попзлатанов, Димоски (53’ Жуниор), Мицевски, Фелипе, Аврамовски, Цветаноски (73’ Ибиши), Лира (80’ Колевски)

 

среда, 3 април 2019