Вардарци поразени од Македонија ЃП

Вардарци против Македонија ЃП беа поразени со 2:1 во денешниот меч од 6. коло во ПМФЛ. Нашиот тим можеше во вториот дел да го избегне поразот, и да се врати барем со бод, но не успеа во намерата. 

Калид уште во 2. минута ја искористи шансата и донесе водство на Македонија ЃП. Во 12. минута Лазаревиќ по добиена топка од Попзлатанов, од десната страна стрелаше во мрежата на противникот за 1:1. 

Вардарци имаа игра и неколку шанси за 1:2, но не ги искористија. Казната стигна во финишот од првиот дел кога Калид доби една топка, и од поволна позиција погоди во голот на Вардар. 

Во вториот дел Вардарци со сите сили се обидоа да дојдат до израмнување. Но не беа искористени неколку шанси, со што не беше избегнат и поразот. 

 

МАКЕДОНИЈА ЃП – ВАРДАР       2:1 (2:1)

Стадион во Ѓорче Петров.

Судија: Игор Стојчевски.

Стрелци: Калид 2’, 45’+2 (МЃП) – Лазаревиќ 12’ (В).

Ж. Картони: Петров, Емини, Настевски, Личина, Божиновски (МЃП) – Најденов, Блажевски (В).

МАКЕДОНИЈА ЃП: Стевковски, Демир, Атанаскоски, Китановски, Личина, Божиновски, Калид, Филиповски (56’ Настевски), Петров (80’ Андерсон), Ковачев, Емини.

ВАРДАР: Илиќ, Радуловиќ-Величковиќ (62’ Блажевски), Велкоски, Чарлестон, Најденов, Мицевски, Петровиќ (46’ Мартинага), Лазаревиќ (46’ Мирчевски), Цветаноски, Попзлатанов, Колевски (71’ Петковски).

сабота, 19 септември 2020