Вардарци почнаа да се подготвуваат за продолжување на сезоната

Откако е донесена одлука првенството во Првата лига да продолжи, екипата на Вардар почна да се подготвува за останатите натпревари од оваа сезона.

Лидерот на табелата почитувајќи ги сите мерки и препораки, своите тренинзи ги одработува на тренинг центарот во населбата Хиподром. 

Тренерот Александар Васоски доби и „засилувања“ во стручниот штаб, и тоа во имињата на поранешните фудбалери Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески, кои досега работеа во младинската школа на нашиот тим.  

Во исчекување на одлуката за точниот датум за почеток на натпреварите, Вардарци ќе продолжат да ги одработуваат тренинзите, со цел подобро да се подготват за продолжување на сезоната која беше прекината поради коронавирусот. 

сабота, 30 мај 2020