Вардарци на мини подготовки во Охрид, ќе бидат сместени во хотелите „Аквалина“ и „Нова Ривиера“

Познатите охридски хотели Aqualina Hotel -Ohrid и Hotel Nova Riviera Ohrid им излегоа во пресрет на фудбалерите на ФК Вардар, кои доаѓаат на мини-подготовки во Охрид.

Од денес, вторник 16. февруари фудбалерите доаѓаат во „Аквалина“ и „Нова Ривиера“.

Вардар беше единствениот македонски прволигаш кој влезе во пролетната полусезона без одработени подготовки, па снежните врнежи и одложувањето на најголемиот дел од натпреварите во првото пролетно коло им се погоди на „црвено-црните“.

Вардар во првото пролетно коло, кое сега е одложено за 21 февруари, ќе го пречека вечниот ривал Пелистер во Скопје.

Затоа играчите и стручниот штаб на ФК Вардар изразуваат благодарност до менаџерскиот тим, посебно до Ангел Ангеловски кој воедно слави роденден денес. ФК Вардар на Ангеловски му посакува многу среќа, здравје и успех.

вторник, 16 февруари 2021