Триумфален финиш на Вардарци во Ѓорче Петров

После две кола без триумф, Вардарци се вратија на победите по денешниот натпревар со Македонија Ѓорче Петров на гостински терен. „Црвено-црните“ фудбалери дури во финишот од средбата ги „грабнаа“ трите бода, откако до крајот беше 1:1. Кога се чинеше дека така ќе заврши мечот, Мицевски и Попзлатанов пред последниот свиреж на главниот судија со два гола ја донесоа оваа вредна победа.

Вилијан Лира беше на вистинско место во 19. минута, и после додавањето од Брдаровски, успеа да ја смести топката во мрежата на Јовановски. Тоа беше актуелен резултат по првиот дел.

На стартот од вториот дел, поточно во 54. Минута домаќините успеаја да дојдат до резултатска „симетрија“. Нафрлена топка од левата нивна страна на вториот дирек каде што беше вратена од спротивната страна, од каде Божиновски со глава успеа да погоди за 1:1. Домашно водство спречи Филип Гачевски со одлична интервенција после голот.

До финишот се играше главно на средината на теренот, со блага иницијатива на Вардар. Во 90. минута после нафрлена топка и избивањето на одбраната на Македонија, таа стигна до Мицевски кој без размислување од дваесетина метри по земја ја смести топката во долниот десен агол од голот на Македонија ЃП.

Сепак, Вардарци не застанаа тука, и во 93 минута уште еднаш го најдоа патот до мрежата. Попзлатанов доби одлична топка, и во противнапад излезе еден на еден со еден играч од спротивниот табор, успеа да го мине, и да погоди во голот на Јовановски за да стави точка на овој триумф, осми во оваа сезона.

Вардарци остануваат први на табелата со два бода предност пред Шкендија, и по ова коло со осум пред Академија Пандев.

МАКЕДОНИЈА ЃП - ВАРДАР         1:3 (0:1)

Стадион во Ѓорче Петров.

Судија: Марјан Ецкоски (Охрид).

Ж. Картони: Мишевски (МЃП) - Тошевски (В).

Стрелци: 0:1 Лира 19', 1:1 Божиновски 54', 1:2 Мицевски 90', 1:3 Попзлатанов 90'+3

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Реис, Мишевски, Божиновски, Да Силва, Кировски, Пецов, Стојчевски (66' Колеќески), Дамаскено (63' Адеми), Билали, Тантуровски (80' Де Соуза).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Лира, Мицевски (90'+2 Талески), Новак, Најдовски, Попзлатанов, Адем (63' Јуффо), Цветановски, Брдаровски. 

среда, 31 октомври 2018