Вардарци го посетија здружението „ВО МОЈОТ СВЕТ“

Дел од вардаровите фудбалери, денеска беа во посета на здружението за третман на лица со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“ во скопската населба Аеродром.  

Четири играчи на Вардар имаа можност да се дружат и да се фотографираат со дечињата и да им овозможат радосни и среќни мигови.

Играчите ги поканија да присуствуваат на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје во четврток, и да го проследат натпреварот од групната фаза од Лигата на Европа помеѓу Вардар и Зенит. 

Ваквите акции од страна на фудбалскиот клуб Вардар ќе продолжат и во иднина.

Еве низ неколку фотографии како изгледаше денешната посета на играчите на здружението „Во мојот Свет“, а целата фотогалерија на следниот ЛИНК. 

понеделник, 11 септември 2017