Вардарци ги стартуваа подготовките

На само нешто повеќе од 10 дена пред предвидениот почеток на новиот шампионат, Вардар ги стартуваше подготовките за новата сезона. 

Со три нови лица на прозивката, односно тројца кои се враќаат во „црвено-црниот“ дрес. Станува збор за Дејан Блажевски, Филип Петковски и Виктор Велкоски. 

На првиот тренинг ги немаше Филип Гачевски, Жуниор Реис Родригез, Евгениј Новак, Марио Младеновски, Али Адем, Кристијан Тошевски, Владица Брдаровски  и некои други играчи кои веќе заминаа или најавија заминување од „црвено-црниот“ табор. 

Времето за подготовка е кратко, но добро е што има доста играчи од минатата сезона кои веќе се воиграни во таборот на „црвено-црните“. Исто така на тренинзите има и неколку играчи од младинскиот погон, кои веќе имаат искуство со тренирање меѓу сениорите. 

Вардарци го одржаа првиот тренинг откако минатото првенство беше прекинато поради пандемијата со коронавирусот, а Вардар заврши како првопласиран тим, но ќе нема можност да се натпреварува во Лигата на шампионите поради тоа што не добија лиценца. 

среда, 29 јули 2020