Слободен ден за вардарци по пристигнувањето од Анталија

Вардаровата експедиција синоќа се врати во Скопје од подготовките во Анталија. Играчите, стручниот штаб и техничката екипа која ги придружуваше „црвено-црните“ за време на зимскиот камп во Турција, пристигнаа во нашиот главен град каде ќе продолжат подготовките за пролетниот дел од сезоната. 

Меѓутоа денеска играчите немаат никакви обврски, односно стручниот штаб одлучи да биде слободен ден за да можат фудбалерите да одморат пред утрешното продолжување со тренинзите на тренинг кампот на ФК Вардар пред првиот натпревар од пролетниот дел со Шкендија на гостински терен кој што ќе се игра на 14. февруари. 

 

вторник, 6 февруари 2018