Вардарци денеска стартуваат со зимските подготовки

Заврши паузата за „црвено-црните“ кои денеска стартуваат со зимските подготовки. Од тренинг кампот во Хиподром, шефот на стручниот штаб Александар Васоски во 12 часот ќе ја одржи првата прозивка на тимот во оваа година. 

Експедицијата на Вардар на 16. јануари заминува на подготовки во Аланија, Турција, каде ќе остане до 4. февруари за кога е предвидено враќањето на тимот во Скопје. Во Аланија ќе бидат одиграни неколку пријателски натпревари, за противниците и датумите ќе инфомираме во следните денови. 

„Црвено-црните“ го завршија првиот дел од сезоната на втората позиција со 35 бодови, и со скор од 10 победи, пет нерешени средби и три порази. 

 

вторник, 8 јануари 2019