Вардарци дел од прославата на 5-тиот роденден на „Skopje City Mall"

Дел од вардаровите фудбалери, денеска беа дел од прославата на 5-тиот роденден на „Skopje City Mall". По покана на менаџментот на овој шопинг центар, играчите го прославија овој јубилеј. 

Играчите ги повикаа присутни да ни дадат што поголема поддршка на 19-ти октомври на натпреварот против Реал Сосиедад во рамките од третото коло од групната фаза од Лигата на Европа кој што ќе се игра на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. 

Ве повикуваме и ние од Ф.К. Вардар да бидете дел од тој натпревар и да го бордиме Вардар кон успешен настап во Европа. Билетите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на Тикет Плус. 

Еве неколку фотографии од денешната прослава на Вардарци на роденденот на „Skopje City Mall":

сабота, 7 октомври 2017