Вардар водеше, но освои само бод на дуелот со Беласица

Вардар не успеа да ги освои трите бода во натпреварот со Беласица, и покрај водството и неколкуте шанси во текот на мечот кои не успеа да ги искористи. Со тоа Вардарци веќе трет натпревар се без триумф на домашен терен (пораз од Шкендија и „ремија“ со Ренова и со Беласица).

Вардарци го диктираа темпото и првата посериозна шанса ја имаа во 17. минута, но обидот на Лира со глава заврши крај голот. Попзлатанов имаше шанса, но истата не беше искористена.

Се играше 30. минута кога по една одлична акција, од дваесетина метри Мицевски шутираше во горниот десен агол од голот на Беласица, носејќи водство за „црвено-црните“.

Пред крајот на првиот дел и на едната и на другата страна по една шанса. Најпрво Беласица во 42. минута преку Милушев се закани, меѓутоа одличен беше Гачевски. Потоа Лира имаше шанса, но и Пашовски успеа да одбрани.

Противникот успеа да израмни во 72. минута. Ивановски од 14-15 метри со волеј ја зафати топката, и ја смести топката во горниот лев агол. Ивановски во минатото беше дел од „црвено-црните“ неколку сезони.

Вардар до крајот на мечот имаше 3-4 шанси. Два пати преку Адем, и два пати преку Лира не успеа да дојде до нова предност и до победа на овој натпревар.

 

ВАРДАР - БЕЛАСИЦА    1:1 (1:0)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Димитар Мечкаровски (Скопје).

Стрелци: 1:0 Мицевски 30’, 1:1 Ивановски 72’

Ж. Картони: Попзлатанов, Мицевски (В) - Дробаров, Петров (Б).

Ц. Картон: Милушев 90’+4 (Б).

ВАРДАР: Гачевски, Попов, Битанг, Лира, Мицевски, Новак, Најдовски, Попзлатанов (74’ Адем), Тодороски, Цветановски (67’ Бериша), Брдаровски.

БЕЛАСИЦА: Пашовски, Милушев, Џонов, Вусљанин, Вујчиќ (57’ Серафимовски), Калпачки (46’ Петров), Стојков, Дробаров, Серафимовски (50’ Сулев), Ивановски, Балдовалиев.

недела, 4 ноември 2018