Лига на Европа: Вардар во групата „Л“ со Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг

Денеска во Монако беше извршена ждрепката за групната фаза од Лигата на Европа во која што Вардар се најде во групата „Л“ заедно со екипите на Зенит Санкт Петербург (Русија), потоа Реал Сосиедад (Шпанија) и Розенборг (Норвешка). 

Натпреварите се играат на 14-ти и 28-ми септември, 19-ти октомври, 2-ри и 23-ти ноември и 7-ми декември. 

Наскоро УЕФА ќе го објави и распоредот на натпреварите на нашиот тим во групата. 

петок, 25 август 2017