Вардар во финишот со два гола го „сруши“ Борец во Велес

Вардар со три бода се враќа од гостувањето во Велес. Во финишот, во последните 11 минути го сруши тимот на Борец, и се радуваше на победата. Попзлатанов и Цветаноски беа стрелци на головите, со кои „црвено-црните“ стигнаа до овој триумф, после четири кола без победа. 

Во првиот дел шансите на страната на Борец. Меѓутоа одбраната и голманот Илиќ добро реагираа на налетите на домашниот тим. Сепак, во финишот на полувремето, Чарлестон имаше супер шанса да донесе водство на Вардар, но Борец се спасуваше и чистеше од гол линијата. 

Второто полувреме започна со отворена игра на двете страни. Тоа придонесе да има шанси и кон голот на Илиќ, и кон голот на Мустафа. Попзлатанов на два пати, и еднаш Мирчевски можеа да донесат гостинско водство. На другата страна Борец од слободен удар ја погоди стативата.

Следуваше мирен период на игра, а потоа во 79. минута една одлична акција на Вардар преку Цветаноски, кој додаде до Попзлатанов, кој одкосо од десно со помош и на одбраната го најде патот до мрежата. Домашниот тим како да не можеше ништо да стори, а тоа го користи Вардар кој во 90. минута, овој пат во обратна комбинација, дојде до 0:2. Попзлатанов го проигра Цветаноски овојпат кој од левата страна одлично шутираше и го совлада Мустафа. 

 

БОРЕЦ – ВАРДАР 0:2 (0:0)

Градски стадион во Велес. Гледачи:/.

Судија: Марјан Маркоски (Охрид).

Стрелци: 0:1 Попзлатанов 79’, 0:2 Цветаноски 90’

Ж. Картони: М. Ристовски, Н. Ристески (БОР), Чарлстон (ВАР).

БОРЕЦ: Мустафа. Ф. Ристовски, Стоименовски, Стојчевски, Коцев, Прелчец, М. Ристовски, Ефтимов (72. Митров), Десниќ (46. Ѓорѓиев), Н. Ристески, Пеев (72. Радовиќ).

ВАРДАР: Илиќ, Велковски, Радуловиќ – Величковиќ (57. Мартинага), Мицевски, Цветаноски, Лазаревиќ, Попзлатанов, Чарлстон, Мирчевски (57. Петковски), Петровиќ, Најденов.

сабота, 21 ноември 2020