Вардар убедливо поразен во 120 минутниот „тест“ со Академија Пандев

Денеска во Струмица се одигра пријателски натпревар, „генерална проба“ пред почетокот на првенството. Академија Пандев го совлада Вардар со 6:1 во меч кој се одигра 120 минути. По првите 60 минути беше 3:1, а во вториот 3:0 за противникот. 

„Вардарци“ имаа негатива од 2:0, кога Коста Манев го намали резултатот. Но, во првите 60. минути Академија Пандев со уште еден гол се стекна со повисока предност. 

Во вториот дел им беа дадени шанси на помладите играчи, а противникот даде уште три гола до крајот, до 120-те минути од овој меч, со што го совлада нашиот тим со вкупни 6:1. 

Ова беше последен „тест“ пред почетокот на сезоната во која Вардар стартува како гостин во Тетово кај Шкендија. 

 

АК. ПАНДЕВ - ВАРДАР  6:1 (3:1)  - МЕЧОТ СЕ ИГРАШЕ 120 МИН. 

Стрелци:  Дориев 2, Иванов, Велинов, Трајановски и Николов (АП) - Манев (В). 

ВАРДАР (0-60 МИН.): Гачевски, Брдаровски, Тошевски, Манев, Жуниор, Најдовски, Мицевски, Димовски, Битанг, Цветаноски, Лира. 

ВАРДАР (60-120 МИН.): Илиќ, Велковски, Младеновски, Наумчевски, Реџепи, Ли, Ѓурковски, Игњатов, Ибиши, Андоновски, Колевски. 

недела, 10 февруари 2019