Вардар убедлив во Струмица на последниот меч годинава

Вардар триумфално ја заврши годинава. „Црвено-црните“ со убедлив триумф од 0:3 на гостувањето во Струмица кај Беласица, го финишираа есенскиот дел од сезоната. 

Момците на Александар Васоски својата доминација од првата до последната минута ја крунисаа со три гола во мрежата на противникот, и со „чиста“ мрежа. 

Уште во првите 20 секунди Вардар поведе. Стрелец беше Мирчевски. Тоа беше резултат и на полувремето, и покрај тоа што Вардарци имаа уште неколку добри прилики за да го зголемат водството. 

На стартот од вториот дел 0:2. На голот претходеше одлична прилика која наместо во голот, заврши само во корнер, а тој го изведе Мирчевски до младиот Стојчевски кој погоди во голот. Само седум минути подоцна, во 61. минута Цветаноски со помош на одбраната на Беласица се запиша во листата на стрелците со убеливо водство. 

Вардарци го завршија есенскиот дел на позицијата број 5. со 25 бода, односно шест победи, седум нерешени средби и пет порази. 

БЕЛАСИЦА – ВАРДАР     0:3 (0:1)

Градски стадион „Благој Истатов“ во Струмица.

Судија: Јосип Бартон.

Стрелци: Мирчевски 1’, Стојчевски 54’, Цветаноски 61’

Ж. Картони: Бајрами (Б).

БЕЛАСИЦА: Ѓоргиев, Милушев, А. Коцев (74’ В. Коцев), Размоски, Сулев (74’ Чукарски), Митевски, Ивановски (28’ Калпачки), Серафимовски, Михаилов (61’ Спасов), Бајрами, Ѓоргев, Да Силва.

ВАРДАР:  Илиќ, Стојчевски (68’ Радуловиќ-Величковиќ), Велкоски, Цветаноски, Петковски (80’ Гуџуфи), Лазаревиќ (68’ Мицевски), Крстевски, Мирчевски (68’ Велковски), Петровиќ, Мартинага (80’ Блажевски), Најденов.

среда, 16 декември 2020