Вардар ги стартуваше зимските подготовки

Заврши паузата за Вардар и стартуваа зимските подготовки за пролетниот дел од сезоната. На теренот на тренинг кампот во Хиподром беше извршена првата прозивка на тимот од страна на шефот на стручниот штаб Александар Васоски. 

На првиот тренинг отсуствуваа Евгениј Новак и Кларенс Битанг кои на екикпата ќе се приклучат деновиве, а поради повреда првиот тренинг го пропушти капитенот Горан Попов. Засега, официјално, нема ниту едно нов фудбалер.

Вардаровата експедиција на 16 јануари заминува на подготовки во Турција во Аланија, и таму ќе остане до 4. февруари. 

Фото: Филип Вирановски, gol.mk

вторник, 8 јануари 2019