Вардар стигна негатива од два гола, но не избегна пораз од Александрија

Вардар е поразен на денешниот шести пријателски натпревар на подготовките во Аланија. Против Александрија се одигра еден добар натпревар, со многу голови, а Вардар имаше 0:2, се врати и израмни на 2:2, потоа и шанса за целосен резултатски пресврт, меѓутоа украинскиот тим постигна гол со кој ја однесе победата.

Уште во 4. минута малку среќно Украинците стигнаа до водство. Една одбиена топка од слободен удар стигна до Шастал и со удар од дваесетина метри го совлада Гачевски.

Веднаш на стартот од вториот дел, Ситало по една одлична акција излезе сам пред Гачевски и ја смести топката во долниот десен агол.

Меѓутоа карактерот и желбата на Вардар придонесоа да се врати нашиот тим резултатски во мечот. Најпрво Мицевски по изведен корнер со глава го совлада голманот Рудик. Потоа во 67 минута по центаршут на Брдаровски, Лира исто така со глава успеа да го најде патот до мрежата за 2:2.

Шанса за пресврт ја имаше Дарко Мицевски кој што во 83. минута шутираше за малку над голот.

Веќе во следната минута по една убава акција, Поларус успеа да го најде патот до голот, гол со кој Александрија стигна до триумф.

Утре Вардар ја игра последната пријателска средба против Рубин Казан.

ВАРДАР - АЛЕКСАНДРИЈА           2:3 (0:1)

Стрелци: 0:1 Шастал 4', 0:2 Ситало 47', 1:2 Мицевски 53', 2:2 Лира 67', 2:3 Поларус 83'

ВАРДАР: Гачевски, Брдаровски, Новак, Манев, Жуниор, Димовски, Мицевски, Адем (81' Ѓурковски), Цветаноски, Лира, Колевски (77' Ибиши).

АЛЕКСАНДРИЈА:  Рудик, Микицеј, Устименко, Запорожан, Ситало, Шендрик, Шастал, Гречишкин, Дедечко, Задерака, Стецков. Уште играа: Бабогло, Поларус, Лучкевиќ, Банада, Семенов, Цуриков.

сабота, 2 февруари 2019