Вардар стигна до важен триумф над Победа

За само три дена, Вардар дојде до нов триумф во првенството. Денеска на „Борис Трајковски“ во Скопје низ целосна доминација, „црвено-црните“ беа подобри од составот на Победа и го совладаа со 3:0. Со тоа момците на Васоски му подарија триумф на голманот Филип Гачевски кој славеше јубилеј – 100-ти официјален натпревар во дресот на „црвено-црните“.

Иницијативата беше на страната на Вардар, а првиот гол го видовме во 29. минута кога по двојно проигрување, Брдаровски со левата нога од дваесетина метри шутираше силно кон голот на Победа, голманот Тофилоски малку ја допре топката, но таа заврши во неговата мрежа.

Во вториот дел Вардарци беа решени рано да го решат прашањето околу победникот на овој меч. Така нововлезените Попзлатанов и Исени се покажаа како вистински „џокери“ и успеаја да постигнат уште два гола. Најпрво Попзлатанов во 46. минута откако убаво беше проигран, излезе сам пред голот на Тофилоски и рутинирано ја смести во голот. Само три минути подоцна, во 70. минута Исени убаво се ослободи од својот чувар, и шутираше во десниот агол, а топката од стативата се одби во мрежата на прилепчани.

Во последното есенско коло во недела, Вардарци гостуваат на Академија Пандев, со што следува зимска пауза. Со овој триумф Вардар се доближи до првото место на три бода од својот ривал Шкендија. 

 

ВАРДАР – ПОБЕДА        3:0 (1:0)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје. Гледачи: 300.

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица).

Стрелци: 1:0 Брдаровски 29’, 2:0 Попзлатанов 67’, 3:0 Исени 70’

Ж. Картони: Мицевски (В) – Карчески (П).

ВАРДАР: Гачевски, Манев, Битанг, Херанз, Мицевски, Јуфо (64’ Исени), Најдовски (75’ Антовски), Тодороски, Ибиши, Бериша (46’ Попзлатанов), Брдаровски.

ПОБЕДА: Тофилоски, Велкоски, Спиркоски, Карчески, Драгарски, Нгалле, Исаевски, Маркоски, Ј. Наумоски (66’ Мандиќ), М. Наумоски (56’ Тимовски), Танушев (73’ Гешоски).

среда, 28 ноември 2018