Вардар дојде до првиот триумф во пролетниот дел

Прва победа на Вардар во пролетниот дел од сезоната. Денеска на стадионот „Борис Трајковски“ беше победен составот на Македонија Ѓорче Петров со 3:1. Добрата игра на Вардарци беше крунисана со три гола, и на крајот со три бода со кои нашиот тим се врати на втората позиција на табелата.

После шансите на Ибиши и на Мицевски, Вардар дојде до водство со голот на Најдовски во 30. минута. Фелипе од слободен удар нафрли на левата страна од каде што Лира со глава врати на петерецот каде што се најде Најдовски, и успеа да погоди во мрежата во 30. минута.

Три минути подоцна досуден слободен удар на истото место, овој пат Фелипе веднаш без чекање го проигра Ибиши, судијата Мечкаровски дозволи играта да продолжи, и Ибиши сам пред голот и погоди во долниот дел од голот на Македонија Ѓорче Петров.

На стартот од вториот дел се играше мирно, а потоа Македонија ЃП намали. Еден изведен корнер и избиена топка, таа стигна до Стјепановиќ кој од дваесетина метри со убав удар ја смести во горниот десен агол.

Сепак, сите дилеми ги острани Фелипе. Украде едена топка од одбраната на Македонија ЃП, претрча повеќе од триесетина метри, и со одмерен удар го совлада Јовановски за конечен триумф на Вардар.

ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП        3:1 (2:0)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелци: 1:0 Најдовски 30’, 2:0 Ибиши 33’, 2:1 Стјепановиќ 63’, 3:1 Фелипе 74’

Ж. Картони: Манев, Брдаровски (В) - Да Силва, Демир (МЃП).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Манев, Жуниор (82’ Попзлатанов), Лира, Мицевски, Аврамовски (79’ Адем), Најдовски, Ибиши (69’ Колевски), Фелипе, Брдаровски.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Б. Да Силва, Мишевски, Божиновски, Стјепановиќ, Р. Да Силва, Кировски, Пецов, Лукас, Билали (59’ Карваљо), Тантуровски (78’ Демир).

недела, 3 март 2019