Вардар со пресврт за девет минути го победи Шкупи

И покрај негативата во првиот дел, сепак, во второто полувреме со далеку подобра игра, Вардар стигна до третиот триумф во петтиот натпревар во прволигашката конкуренција сезонава. Денеска беше совладан тимот на Шкупи и покрај тоа што гостите од Чаир имаа водство по првиот дел.

Со него се стекнаа во 29. минута кога Да Луиз успеа да погоди во мрежата на Гачевски. Претходно две шанси за Вардарци преку Новак и преку Максимов, но за нивна несреќа во двете шанси топката отиде само над голот.

Во второто полувреме „црвено-црните“ тргнаа најпрво да израмнат, и тоа им успеа во 53. минута. Со глава Бразилецот успеа да даде гол со глава, и да го постигне својот прв погодок во официјалните натпревари за нашиот тим. Нафрлена топка од десната страна од Брдаровски до Лира кој што ги натскока сите и ја „заби“ топката во голот на Шкупи.

Девет минути подоцна Новак постигна уште еден гол и дојде до пресврт. Јуфо од слободен удар од десната страна нафрли на вториот дирек каде што Новак од прва ја зафати топката и го совлада Зендели.

До крајот на мечот Вардар успешно се одбрани и дојде до нов триумф во првенството, со кој нашиот тим и натаму е непоразен во првенството.

ВАРДАР - ШКУПИ           2:1 (0:1)

Стадион: „Борис Трајковски“ во Скопје.

Судија: Марјан Гоцевски (Струмица)

Стрелци: 0:1 Да Луиз 29’, 1:1 Лира 53’, 2:1 Новак 62’

Ж. Картони: Битанг, Максимов, Лира (В) - Илијоски, Дакоур (Ш).

ВАРДАР: Гачевски, Манев, Битанг, Мицевски, Максимов (78’ Попзлатанов), Јуфо (87’ Тошевски), Новак, Најдовски, Тодороски, Цветановски (46’ Лира), Брдаровски.

ШКУПИ: Зендели, Типуриќ, Билали, Љамчевски, Да Луиз, Илијоски, Ангелов (58’ Броја), Адем (79’ Велиу), Дакоур, Стојкоски (70’ Мухарем), Рамадани.

 

недела, 16 септември 2018