Вардар со пораз од Тетово и елиминација од Купот на Македонија

Вардар денеска загуби во Тетово со 1:0 од Шкендија, и доживеа елиминација од Купот. Единствениот гол падна во 74. минута преку Агим Ибраими. Во текот на натпреварот, Вардарци имаа неколку шанси кои не ги искористија, а со добри одбрани се истакна нашиот голман Гачевски во вториот дел. Првиот натпревар во Скопје заврши без победник 2:2. 

Вардар ги продолжува натпреварите во првенството каде што во моментов е на првото место на табелата. 

среда, 30 октомври 2019