Вардар со пораз од Мура ги заврши „тестовите“ во Анталија

Вардар е поразен од Мура на последниот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Вардарци иако имаа водство по првиот дел од 1:0, на крајот, сепак, противникот постигна три гола и ја однсе победата од овој дуел. 

Нашиот тим дојде во водство со прекрасниот гол на Брдаровски во 38. минута, за водство кое беше актуелно на полувремето од средбата. 

Сепак, во вториот дел во последните 15 минути Мура ги постигна головите за конечен триумф. Во 74. минута после добра акција, Шушњара погоди во голот на Вардар за израмнување. Истиот играч три минути подоцна донесе пресврт. По центаршут на Пуцко, Шушњара со глава успеа да погоди. Во 83. минута Мура дојде и до трет гол. Мароша асистираше до Бубњара кој погоди во празната мрежа, поставувајќи го конечниот резултат. 

Експедицијата на Вардар во вторник се враќа во Скопје, каде што ќе ги продолжи подготовките за пролетниот дел од сезоната. 

понеделник, 3 февруари 2020