Вардар со пораз од Македонија ЃП го стартуваше новото првенство

Вардар - Македонија ЃП 0:2. Тоа е исходот од денешниот натпревар во рамките од 1. коло во новата сезона 2019/2020. И покрај желбата да се стартува со победа, сепак, противникот ги однесе бодовите во мечот кој се одигра на тренинг комплексот на ФФМ. Можеби според шансите, особено во првиот дел, Вардар не го заслужи овој пораз, но едноставно, противникот на некој начин ги казни неискористените прилики на „црвено-црните“. 

Дуелот почна со шанса на Жуниор кој шутираше, но Јовановски му го одбрани ударот. Потоа Ибиши беше во супер шанса, но од 7-8 метри не се снајде најдобро. Македонија ЃП поведе во 22. минута кога Божиновски со глава го совлада Гачевски. 

Во финишот од првиот дел Мицевски има шанса за израмнување, но стативата спречи радост на „црвено-црните“ во првото полувреме. 

Вардар се обиде со исите сили да дојде до израмнување, и потоа да се обиде да дојде до пресврт, но не успеа. Димоски имаше одлична прилика кога во 53. минута со силен удар се закани, но топката мина само сантиметри крај голот. 

Потоа гостите имаа еден обид, за на крај Брдаровски и Аврамовски да не успеат да го донесат тоа толку посакано израмнување. Во финишот од средбата Македонија дојде и до 0:2. Емини искористи еден центаршут и од непосредна близина го совлада Гачевски за веќе убедливо водство. 

Следното коло Вардар гостува во Велес кај Борец. 

ВАРДАР - МАКЕДОНИЈА ЃП   0:2 (0:1)

Стадион: Тренинг центар на ФФМ. Гледачи: 500. 

Судија: Јован Качевски (Струга). 

Стрелци: 0:1 Божиновски 22’, 0:2 Емини 89’

Ж. Картони: Цветановски, Димоски (В) - Адем, Воша (МЃП). 

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Жуниор, Новак, Серафимов (62. Попзлатанов), Мицевски, Брдаровски, Аврамовски, Адем (46. Димовски), Ибиши (65. Колевски), Цветановски.

МАКЕДОНИЈА ЃП: Јовановски, Фернандо, Нето, Личина, Божиновски, Пецов, Демир, Воша (72. Трајкоски), Адем (90. Блажевски), Емини, Едуардо Карваљо (80. Филиповски)

недела, 11 август 2019