Вардар со пораз од Борец ја стартуваше сезоната

„Новиот“ Вардар со пораз ја стартуваше новата сезона 2020/2021. Денеска на Националната Арена „Тодор Проески“, Вардарци уште во 2. минута примија гол од Борец, и тоа беше единствениот погодок со кој „црвено-црните“ беа поразени. 

Стрелец на голот беше Радовиќ кој доби една долга топка, бее осамен пред голот на Иличќ, и погоди за водство. Се гледаше дека на фудбалерите на Вардар им недостасуваат квалитетни подготовки. Доцниот старт го стори своето, иако Вардарци имаа неколку закани по голот на гостите, но мора да се признае дека и тимот од Велес имаше шанси за зголемување на резултатот. 

Вардар го стартуваше натпреварот со неколку млади фудбалери, и во следниот состав: Илиќ, Петејчук, Најдовски, Велкоски, Наумчевски, Велковски, Мицевски, Реџепи, Попзлатанов, Цветаноски, Колевски. 

сабота, 8 август 2020