Вардар со два пенали поразен од Ренова

Со два гола од белата точка, Вардар денеска го доживеа првиот пораз оваа година. „Црвено-црните“ беа поразени од Ренова на гостувањето во Тетово со 2:0. 

Уште во 5. минута Гафури од пенал беше прецизен. Минута претходно по една грешка на нашите играчи на средината на теренот, и акцијата на Ренова, Гачевски го фаулираше Миовски за удар од белата точка. 

Само пет минута подоцна Најдовски со глава од корнер упати прецизен удар, но од самата гол линија спасуваа играчите на Ренова. Следуваше шанса на Ренова, но шутот на Садики беше непрецизен. 

Само што почна вториот дел, Цветаноски се најде во прекрасна прилика за да израмни, но шутираше само крај голот. 

На другата страна Миовски одново избега на одбраната, а овој пат Новак стартуваше над него за нов пенал. Гафури беше прецизен одново за 2:0 за Ренова. 

Вардар во финишот се обиде да дојде барем до почесен гол, меѓутоа не успеа и покрај големата иницијатива. 

недела, 8 март 2020