Вардар со два гола позитива ќе патува во Истанбул

Вардар со голема предност од два разлика ќе патува на реваншот во Истанбул во дуелот со Фенербахче. Тоа е исходо од вечерашниот меч во Скопје во кој „црвено-црните“ оствари нова победа во Европа на домашен терен. После триумфот над Малме и над Копенхаген, сега стигна редот и на Фенербахче. Голот на Барсегјан ја најави, а потоа автоголот на Топал ја донесе оваа победа која што ги израдува сите навивачи на Вардар кои што дојдоа да му дадат поддршка на нашиот тим, а играчите во „црвено-црните“ им вратија со голем триумф против голем тим.

Прв дел кој што Вардар го реши во своја корист против Фенербахче. После два обида на тимот од Турција (првиот го одбрани Гачевски, а вториот отиде над голот), следуваш водството на Вардар во 20. минута. Долга топка кон нападот на Вардар, Топал не ја изби и таа отиде кон Барсегјан кој што убаво го исфрли Шкртел и погоди во мрежата на Камени за водство на Вардар.

Следуваа низа на одбрани на Гачевски кој што најпрво во 27. минута го одбрани ударот на Дирар. Потоа во 33. минута уште подобра интервенција на нашиот чувар на мрежата после обидот на Потук од десната страна. Гачевски подоцна лесно ќе го одбрани ударот и на Туфан, а последниот обид ќе го има Соуза кој што шутираше само покрај голот.

Немаше никакви посериозни шанси на стартот во вториот дел осбен неколкуте обиди на Фенербахче од далечина кои не претставуваа закана за Вардаровиот гол. Во 77. минута Хамбарџумјан беше во одлична позиција со волеј да се закани по голот на Фенербахче, но неговиот удар отиде високо над голот. Бобан Грнчаров доби црвен картон и Вардар остана со играч помалку.

Меѓутоа во првата година од судиското надополнување огромно недоразбирање во одбраната на Фенербахче. Топал сакајќи со глава да ја врати топката до својот голман Камени, го лобуваше чуварот на мрежата на Турците, и топката заврши во мрежата за огромна радост, втора на трибините на „Телеком Арената“ во Скопје.

После тоа силите на теренот беа израмнети затоа што и Фенербахче доби црвен картон односно Соуза кој што стартуваше над Брдаровски.

Дојде крајот на натпреварот и големата радост на Вардарци. Победата беше прославена со публиката и со верните навивачи „Комити“.

ВАРДАР - ФЕНЕРБАХЧЕ          2:0 (1:0)

Стадион: „Телеком Арена“ во Скопје. Гледачи: 21.000.

Судија: Лука Банти (Италија).

Стрелци: 1:0 Барсгјан 20’, 2:0 Топал (а.г) 90’+1

Ж. Картони: Грнчаров (В).

Ц. Картони: Грнчаров 90’ (В) - Соуза 90+2 (Ф).

ВАРДАР: Гачевски, Хамбарџумјан, Грнчаров, Новак, Демири (46’ Брдаровски), Николов, Спировски, Којашевиќ (67’ Џигаури), Фелипе, Блажевски (85’ Глигоров), Барсегјан.

ФЕНЕРБАХЧЕ: Камени, Али Калдирим, Шкртел, Топал, Озбајракли (72’ Чачечоуче), Валбуена, Туфан (82’ Исла), Соуза, Дирар, Потук, Кесе (65’ Солдадо).

 

СТАТИСТИКА

ВАРДАР       ФЕНЕРБАХЧЕ

1        корнери       5

6/1     удари/во      13/7

11      прекршоци    11

1        офсајди        3

1       ж. картони      0

1       ц. картони      1

четврток, 17 август 2017