Вардар со бод се врати од Тетово

Вардар и Шкендија одиграа без голови на дерби натпреварот од 9. коло во Првата лига. Но, Вардар и со бод остана лидер на табелата, а разликата со Шкендија остана на девет бодови.

Вардарци во првиот дел имаа една добра шанса преку Аврамовски кој шутираше само над голот од дваесетина метри. Следуваше шансата на Имери и одбраната на Гачевски, а потоа ударот на Бесарт Ибраими заврши над голот.

Во второто полувреме стручниот штаб на Вардар беше принуден да направи измена, и да го извади од игра Жуниор кој во првиот дел се пожали на повреда.

Со одлични интервенции во вториот дел се истакна Филип Гачевски кој ги одбрани ударите на Бесарт Ибраими на Омар Имери, а во последните мигови и на Шефити и така донесе бод за нашата екипа.

Вардар останува непоразен и во седмиот по ред натпревар во првенството, или вкупно во деветтиот меч сметајќи ги тука и двата меча во Купот против Саса и против Шкендија.

 

ШКЕНДИЈА – ВАРДАР            0:0

Градски стадион во Тетово. Гледачи: 6.000.

Судија: Димитар Мечкаровски.

Стрелци: /

Ж. Картони: Незири (Ш) – Младеновски, Брдаровски, Новак, Најдовски, Попзлатанов (В).

ШКЕНДИЈА: Захов, Мурати, Бејтулаи, Садриу, Мурати, Тотре, Алими, А. Ибраими (81’ Радески), Имери (65’ Шефити), Жуниор , Б. Ибраими.

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Младеновски, Новак, Адем, Најдовски, Брдаровски, Жуниор (46’ Колевски), Попзлатанов, Цветаноски (92’ Велковски), Аврамовски.

 

сабота, 5 октомври 2019