Вардар - Шкупи 1:1 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ

ГООООЛ! 93’ - Центаршут од левата страна до Барсегјан кој што додаде до Новак, а овој со глава од пет метри погоди во мрежата на Зендели

88’ - Обид на Грнчаров одкосо од лево, но Зендели успеа да одбрани

81’ - Двојна шанса за Вардар. Најпрво силен удар на Барсегјан кој што ја затресе само пречката, а одбиената топка дојде до Максимов кој упати удар под гредата, но Зендели со крајни напори изби во уште еден корнер за Вардар

76’ - Обид на Барсегјан од 25 метри, топката отиде крај голот

71’ - Барсеган излезе сам пред голот, меѓутоа во последен момент еден одбранбен играч успеа да интервенира. Барсегјан падна на тревникот, меѓутоа според судијата Шаќири нема елементи за најстрога казна

69’ - Шанса за Шкупи после акцијата во која Имери остана сам пред Алексовски, меѓутоа нашиот голман одлично го одбрани овој обид

68’ - Изведен корнер од левата страна, Грнчаров со глава се обиде, топката оди само над голот

52’ - Обид на Максимов од дваесетина метри, топката оди само крај голот

50’ - Центаршут на Барсегјан од левата страна до Максимов кој што упати удар со глава, топката оди за малку крај дирекот

46’ - Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

43’ - Брдаровски од десната страна центрираше, но тоа излезе повеќе како удар кој што го одбрани Зендели во корнер

42’ - Стојкоски од дваесетина метри упати силен удар, кој што беше одбранет од страна на Алексовски

0:1 33’ - Центрира Адем од левата страна, а Имери со глава од 5-6 метри успеа да ја спроведе топката во мрежата на Алексовски

6’ - Битанг од 12 метри се обиде по грешката на одбраната на Шкупи, но топката оди само крај голот

1’ - Почеток на натпреварот

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

ВАРДАР: 1. Алексовски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 15. Антовски, 16. Глигоров, 21. Новак, 33. Исени, 72. Максимов, 77. Брдаровски. 

РЕЗЕРВИ: 25. Илиќ, 2. Тошевски, 18. Колевски, 30. Тодороски, 31. Серафимов, 50. Бериша, 88. Цветановски. 

ШКУПИ: 1. Зендели, 3. Типуриќ, 4. Малиќи, 5. Бајрами, 7. Љамчевски, 8. Шабани, 10. Имери, 14. Броја, 18. Илијоски, 20. Адем, 23. Стојкоски. 

РЕЗЕРВИ: 12. Мустафа, 11. Исмаии, 16. Кривањева, 25. Чан, 29. Асани, 32. Ондо, 89. Јашароски. 

0’ - Денеска на Националната Арена „Филип Втори“ во рамките од 27. коло од Првата лига, Вардар ќе го пречека составот на Шкупи

недела, 15 април 2018