Вардар - Ренова 1:0 (КРАЈ)

КРАЈ НА НАТПРЕВАРОТ

90’ - Марковиќ од 16 метри упати удар, топката ја закачи Велии и таа оди во нов корнер за Вардар

85’ - Обид на Марковиќ, меѓутоа топката оди за малку крај голот

84’ - Шут на Стојановски од 20. метри, нова интервенција на Гачевски кој одлично го чува својот гол

82’ - Од десната страна Битанг опасно нафрли кон голот, а Велии мораше со крајни напори да избива во корнер

69’ - Шанса за Барсегјан кој што упати удар, топката оди за малку крај голот, меѓутоа закачи некого од одбраната на Ренова, и судијата досуди корнер за Вардар

65’ - Шут на Битанг одкосо од лево, но топката оди само крај голот

56’ - Темелков шутира од 25 метри, меѓутоа Гачевски забележува уште една одбрана

53’ - Обид на Фелипе од 20 метри, но по средината каде што одбрани Велии

49’ - На другата страна по нафрлена топка од левата страна, Стојановски шутираше, меѓутоа одлично одбрани Гачевски

49’ - Битанг со одлична асистенција до Максимов кој од левата страна шутира само над голот

46’ - Почеток на второто полувреме

КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

42’ - Шанса за Ренова. Најпрво удар на Гафури кој го брани Гачевски, а по одбиената топка шутира и Нафиу, но повторно одбрани нашиот голман

1:0 23’ - ГОООООООЛ! Максимов од десната страна по земја ја упати топката на петерецот каде што после несогласувањето на одбраната на Ренова, Блажевски погоди во празниот гол

20’ - После одличниот продор низ средината на теренот на Барсегјан, додаде на десната страна до Брдаровски кој што одкосо од десно шутираше само над голот

1’ - Почеток на натпреварот

СОСТАВИТЕ НА ДВАТА ТИМА

ВАРДАР: 90. Гачевски, 5. Битанг, 6. Грнчаров, 9. Блажевски, 11. Барсегјан, 16. Глигоров, 21. Новак, 30. Тодороски, 70. Фелипе, 72. Максимов, 77. Брдаровски.

РЕЗЕРВИ: 1. Алексовски, 2. Тошевски, 8. Марковиќ, 17. Стојков, 18. Колевски, 24. Попзлатанов, 33. Исени. 

РЕНОВА: 12. Велии, 6. Незири, 8. Јусуфи, 10. Нухи, 11. Велија, 15. Гафури, 16. Стојановски, 18. Мишковски, 19. Темелков, 23. Нафиу, 24. Стојанов. 

РЕЗЕРВИ: 25. Изаири, 7. Садики, 13. Лума, 21. Кадриу, 22. Фетаи, 29. Цветаноски, 30. Меирелес. 

0’ - Добар ден од Националната Арена „Филип Втори“ каде што денеска Вардар ќе биде домаќин на тимот на Ренова, во рамките од 24. коло во ПМФЛ

сабота, 17 март 2018