Вардар ремизираше со Шкупи

Во рамките од 15. коло, Вардар одигра нерешено 1:1 против Шкупи на свој терен. „Црвено-црните“ имаа водство и неколку добри шанси, меѓутоа не реализираа, и потоа Шкупи со еден среќен гол стигна до израмнување и до бод од овој меч. 

Водството на Вардар го донесе Жуниор. Најпрво акција по десната страна и шут на Цветаноски, топката ја одби Алексовски, но таа стигна до Колевски кој го проигра Жуниор кој од прва погоди во горниот десен агол. До крајот на полувремето Вардарци со уште неколку добри шанси кои останаа неискористени. 

Во вториот дел Вардарци исто така имаа добри шанси, особено до 65. минута. Потоа Шкупи израмни преку Гудиаби. Една нафрлена топка која одбраната на Вардар ја расчисти, таа стигна до Гудиаби кој шутираше од 17-18 метри, топката удри во еден играч на нашиот тим, го смени правецот, и заврши во левиот агол од голот на Гачевски. 

Следното коло се игра во среда, а Вардар му гостува на Силекс. 

недела, 24 ноември 2019