Вардар против Вардар Форино стартува во Купот на Македонија

Денеска беше извршена ждрепка за натпреварите од 1/16 финалето од Купот на Македонија. Вардар мечевите од најмасовното натпреварување во Македонија ги почнува со дуел со Вардар од Форино. Дуелот со истоимениот тим ќе се игра на 22. август со почеток во 17 часот на теренот на противникот. 

Во оваа фаза се игра еден натпревар, и подобриот се пласира во 1/8 финалето. Доколку нема победник во регуларниот дел, веднаш се пристапува на изведување на пенали. 

среда, 8 август 2018