Вардар против Саса во 1/16 финалето од Купот на Македонија

Денеска во просториите на ФФМ беа извлечени паровите од 1/16 финалето на Купот на Македонија. Вардар Купот го почнува на гости во Македонска Каменица кај тимот на Саса, кој се падна за ривал на „црвено-црните“. 

Се игра само еден натпревар, и подобриот оди во 1/8 финалето. Доколку овој меч заврши нерешено, веднаш се пристапува кон изведување на пенали. 

петок, 9 август 2019