Вардар против Македонија ЃП во 1/8 финалето од Купот

Денеска беа извлечени двојките за 1/8 финалните натпревари во Купот на Македонија. 

Вардар за ривал меѓу најдобрите 16 екипи го доби тимот на Македонија Ѓорче Петров. Според правилата ќе се играат два натпревари, а првиот на програмата е на 19.09 во 15:30 часот кога играме на домашен терен. Вториот меч на гости е на 03.10 со почеток во 15:00 часот. 

Во рамките од првенството, Вардар ја совлада екипата на Македонија ЃП со 1:0 со гол на Барсегјан од пенал. 

четврток, 13 септември 2018