Вардар против Академија Пандев: „Црвено-црните“ последен пат на домашен терен сезонава

Фудбалерите на Вардар денеска го играат последниот натпревар на домашен терен оваа сезона. „Црвено-црните“ од 16:15 часот го пречекуваат составот на Академија Пандев. Се најавуваат добри временски прилики за време на мечот, со што љубителите на фудбалот кои ќе бидат присутни на стадионот ќе имаат одлични услови за следење на овој натпревар. 

Ова е нова шанса за освојување на три бода, и конечно победа на домашен терен после пет натпревари без триумф на Националната Арена „Филип Втори“. 

Главен судија на денешниот натпревар ќе биде Фатон Мустафи од Тетово. Негови помошници ќе бидат Небојша Ѓорѓијевски од Брвеница и Насуф Латифи од Брвеница. 

Оваа сезона Вардарци три пати одиграа против Академија Пандев. На домашен терен „црвено-црните“ победија со 3:1, на гости во Струмица во есенскиот дел беше 2:0 за Вардар, а на последниот меч одигран во Турново одиграа „реми“ со резултат 1:1. 

среда, 16 мај 2018