Вардар преку Академија Пандев до шестата победа во низа

Шеста победа по ред на Вардар во првенството, со која остана на врвот на табелата, зголемувајќи ја предноста над конкурентите, меѓу кои и над денешниот противник Академија Пандев. Стрелец на единствениот гол беше Аврамовски во 39. Минута од пенал, за големи три бода на нашиот тим.

Прв во мечот се закани Адем кој во 20 минута шутираше прецизно, но Чубраковиќ успеа да одбие во корнер. На другата страна обидот на Пандев оди само над голот.

Во 38. минута Жуниор беше спречен да скокне на нафрлената топка, и тоа беше пенал за Вардар. Сигурен реализатор беше Аврамовски кој шутираше прецизно во долниот лев агол.

Во вториот дел Вардарци со неколку шанси за зголемување на водството, но не успеаја порано да ја заверат победата, и мораа да чекаат до самиот крај. Одбраната на нашиот тим заврши работа и ги спречи сите налети на Академија Пандев која не дојде до шанса во второто полувреме, и така остана резултатот од првиот дел.

ФОТОГАЛЕРИЈА

 

ВАРДАР – АК. ПАНДЕВ          1:0 (1:0)

Национална Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Гледачи: 400.

Судија: Јован Качевски (Струга).

Стрелец: 1:0 Аврамовски 39’

Ж. Картони: Најдовски, Гачевски (В) – Јованов, Дориев, Маслаќ (АП).

ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Најдовски, Жуниор, Аврамовски (93’ Реџепи), Цветаноски (12’ Колевски) (74’ Велковски), Новак, Попзлатанов, Серафимов, Адем, Брдаровски.

АК. ПАНДЕВ: Чубраковиќ, Јованов, Атанаскоски, Димов, Стоилов, Дориев, Пандев (66’ Рајковиќ), Томовски, Стојкоски (83’ Велиновски), Танушев (46’ Крстовски), Маслаќ.

недела, 29 септември 2019