Вардар поведе, но на крајот доживеа убедлив пораз од Шкендија

Вардар во денешниот меч од 24. коло во Првата лига, доживеа пораз од Шкендија со 1:6. Иако поведе уште во 11. минута со голот на Мирчевски, младиот состав на Вардар немаше сили да му парира на лидерот на табелата кој дојде до убедлив триумф. 

Мирчевски постигна убав гол од дваесетина метри ја смести топката во левиот агол. Во 27. минута Рамадани израмни со помош и на одбраната. Во 34. минута Ибраими од пенал носи водство за Шкендија. 

Во вториот дел повторно Ибраими за 1:3, па Дориев погоди за 1:4. Хебај стрелаше во голто на Илиќ во 69. минута за 1:5, а во финишот од средбата во листата на стрелците за гостите се запиша и Елези за конечни 1:6. 

Сега има пауза поради репрезентативни настапи, а потоа Вардар на 4. април гостува во Битола кај Пелистер. 

сабота, 20 март 2021