Работнички му го нанесе првиот пролетен пораз на Вардар

Вардар доживеа пораз во градското дерби од Работнички одиграно денеска на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје. Многу рано во мечот „романтичарите“ успеаја да дадат два гола, а потоа иницијативата на Вардар донесе само почесен гол на Попов и возбудувања во финишот на натпреварот, меѓутоа без уште еден гол и можност да се избегне поразот. 

Уште на самиот старт, Вардар имаше негатива во градското дерби. Работнички во 2. минута дојде до водство. После изведен корнер, топката најпрво расчистена, но таа стигна до Ангелов на десната страна кој што нафрли до Херара, кој со глава успеа да погоди во голот на Гачевски.

Во 6. минута Вардар имаше негатива од 2:0. После акција на средината на теренот, Трајчевски го проигра Стјепановиќ кој што шутираше одкосо од левата страна, Гачевски кратко одби до Ангелов кој што беше поумешен и погоди во празната мрежа.

После двата гола, Вардар ја имаше иницијативата. Во 15. минута после изведен корнер на Попзлатанов на првата статива Новак со глава го префрли голот. Во 19. минута Барсегјан упати прецизен удар, меѓутоа на место беше Божиновски кој што мораше со парада да интервенира. Тоа беше и последната шанса во првиот дел за Вардар.

На стартот на вториот дел веднаш шанса за Вардар преку Максимов кој што не ја зафати топката по нафрлувањето од Блажевски од левата страна.

Целосната иницијатива на Вардар, конечно, даде плод во 79. минута. Блажевски од корнер убаво нафрли до Попов кој што со глава од 5-6 метри погоди во мрежата на Работнички и намали на 2:1.

Веќе во следната акција Барсегјан се обиде од левата страна, но одбрани Божиновски. Голманот на Работнички го одбрани и шутот на Фелипе од слободен удар во 85. минута.

Се играше 86. минута кога голманот Божиновски после еден удар врз Блажевски, доби црвен картон, па во финишот Вардар се стекна со предност на теренот и играч повеќе.

Меѓутоа тоа не донесе промени во резултатот, и Вардр доживеа прв пролетен пораз во првенството. 

РАБОТНИЧКИ - ВАРДАР      2:1  (2:0)

Скопје, Национална Арена „Филип Втори“. Гледачи: 400.  

Судија: Александар Ставрев (Скопје).

Стрелци: 1:0 Херера 2’, 2:0 Ангелов 6’, 2:1 Попов 79’

Ж. Картони: Митрев, Ангелов, Стјепановиќ, Херера (Р) - Битанг, Блажевски, Попов (В).

Ц. Картон: Божиновски 86’ (Р).

РАБОТНИЧКИ: Божиновски, Рашо, Митрев, Асани, Херера, Красники, Лазаров (90’ Јанков), Трајчевски, Стјепановиќ, Ангелов (67’ Дурански), Кировски (56’ Геофреј).

ВАРДАР: Гачевски, Тодороски (46’ Цветаноски), Новак, Попов, Глишиќ, Глигоров, Битанг, Фелипе, Попзлатанов (46’ Блажевски), Барсегјан, Максимов.

 

СТАТИСТИКА

РАБОТНИЧКИ ВАРДАР

2          корнери          7

4/3          удари/во       7/5

22          прекршоци     11

2          офсајди          3

4          ж. картони      3

1          ц. картони      0

0          пенали            0

Фото: Петр Стојановски

сабота, 24 февруари 2018