Вардар поразен од Работнички, намалени шансите за прволигашки опстанок

Со денешниот пораз од Работнички во рамките од 31. коло во Првата лига, Вардар остана со минимални шанси во битката за опстанокот. Пред последните две кола „црвено-црните“ треба да издвојуваат победи, а другите ривали да загубат, за да се обезбеди бараж, па преку него да се брка опстанокот, што е многу тешко во едни вакви услови.

Работнички за кратко време со головите на Силјановски и на Ѓурѓевиќ дојде до 0:2, во 12 и во 26. минута. Следуваше и трет гол на Јевтоски во 57. минута, а резултатот успеа да го намали Петејчук во 83. минута. 

Следното коло Вардар гостува кај Струга, а потоа игра дома со Македонија ЃП, со што завршува една од најтешките сезони во историјата на најтрофејниот македонски тим. 

сабота, 1 мај 2021